Заработуваат продавајќи македонски регистерски таблички на e-bay

На онлајн сервисот за продажба e-bay може да се најде се и сешто, па дури и стари регистерски таблички од Македонија.

Очигледно е дека во светот има страствени колекционери на автомобилски таблички кои се подготвени да платат извесна сума за да дојдат до примероци кои им недостасуваат во колекциите.



Така, на e-bay се нудат на продажба регистерски таблички од Скопје, Прилеп, Куманово и други градови кои во зависност од староста се продаваат по цени од 30 долари нагоре.

Интересно е што македонски таблички продаваат лица од Велика Британија, Албанија и други земји во светот.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!