Путин се соочува со непријател сличен нему

Пренесено од Стратфор - Остин

Законодавниот орган на Русија може да стане следниот театар за борба на власт, која го потресува Кремљ во последниве три години. Државната дума во изминатите 17 години немаше практично никакво значење, откако рускиот претседател Владимир Путин е на власт. Таа служеше повеќе како средство за засилување на легитимноста на водачот и пресметана жртва во проведувањето на тешки реформи.

Сепак Путин, исправен пред растечките предизвици од страна на кремљската политичка елита, руските регионални лидери и опшетството во целина, им даве повеќе полномоштва на законодавците да протуркаат мерки нему неопходни за да го зацврсти своето владеење. А последните истражувања на московскиот центар Карнеги посочуваат дека таа власт можеби се концентрирала околу новоназначениот претседател на Државната дума, Вјачеслав Володин.

Директно согласните луѓе на Путин

Веднаш откако Путин застана на позицијата премиер во 1999 година, неговата партија Единство дојде на второ мест зад Комунистичката партија на парламентарните избори. Трката беше спорна и силното претставување на Единство помогна за исфрлање на Путин на премиерската позиција помалку од две седмици подоцна. На следните избори во 2004, партијата која беше преименувана во Обединета Русија, - си обезбеди контрола врз парламентот.

Победата му го даде на Путин неопходниот мандат политички, економски и социјално да ја консолидира земјата, но исто така и службите за безбедност. По следните избори по 2004 година, на Кремљ му беше гарантирано дека на гласањата Обединета Русија повторно ќе се претстави најсилно за да го легитимира изборот на Путин да ги смени местата со премиерот Дмитри Медведев следната година.

Следуваше обид на Кремљ да манипулира со изборите во 2011 и 2012 година, во комбинација со одлуката на Путин да се врати како претседател, но се судри со отпор од рускиот народ. Граѓаните излегоа на улиците на најголемите протести во постсоветската историја на Русија и на крај го прунудија Кремљ да отстапи пред незадоволството од јавноста - првпат откако Путин е во власта.

И покрај тоа, Москва повторно прибегна кон изборни махинации на последните парламентарни избори во 2016 година, иако не толку јавно. На претседателот му беше потребен мазен премин без големи протести или катаклизми, за да започне да прави значајни промени во својата администрација и во законодавниот систем во Русија. И покрај тоа што Путин има сеуште висок рејтинг на одобрување во јавноста, расте јавното незадоволство заради влошените економски услови и чувството за намерно политизирање на секојдневните проблеми во земјата. Следствео на тоа, Кремљ презема мерки за спречување на нестабилноста - потиснување на поинаквото мислење и прочиствување во високите ешалони на власта.

Создавање на чудовиште

Но Путин всушност има потреба од лојален и силен лидер во Думата, за да ги споведе тие промени во законодавното собрание. Затоа тој го назначи поранешниот заменик-началник на својата канцералија, Јачеслав Володин, за претседател на Долниот дом на парламентот. Володин е познат по својата вештина да се справува со тешки политички ситуации.

Всушност, Путин во донесе во таква ситуација во 2012 година, како вицепремиер, за да го смири вртлогот од масовните протести предизвикан од наместените избори. Володин одамна се подготвува да си пробие пат до висока позиција во елитата на Кремљ, но никогаш ја немал силата да успее во тоа. А при нормални услови, претседателството со парламентот нема ни најмалку да го приближи кон таа цел.

Но при курсот на Путин да протурка закони кои му се неопнодни за зацврстување на неговата власт, позицијата на Володин добива се поголемо значење.

Сега Володин подготвува чекори за зацврстување на својата власт во парламентот. Претседателот на Државната дума ги консолидирал процедуралните правила и законодавството под своја власт, велат од центарот Карнеги. Освен тоа се тврди дека тој се позиционирал како посредник меѓу претставници на владата и депутатите, со што му се дава мандат да го блокира дијалогот или да не одобрува предлози кои тој ги смета за несоодветни.

Нов конкурент?

Овие дејствија на претседателот на Думата следат модел кој стана толку познат кај Путин. Во последните неколку години, најмоќните фигури во Кремљ се бореа за позиција, често и без одобрување од претседателот. На пример, на крајот на 2016 година шефот на Роснефт, Игор Сечин, придоби зад грбот на Путин контролен пакет во конкурентската фирма Башнефт.

Тој ги занемари и наредбите на Путин да продаде делови од својата компанија по список на одобрени купувачи и наместо тоа ги продаде на партнери по свој избор. Чеченскиот претседател Рамзан Кадиров на социјалните мрежи ја критикуваше иницијативата на министерството за финансии да ги скраи федералните субвенции за неговиот регион, критикувајќи дека опустошената од војни Чеченија може да се дестабилизира без неопходното субвенционирање.

А Сергеј Чемезов, претседател на државната корпорација за воено оружје Ростех, активно купи различни претпријатија за производство во одбраната, за да си обезбеди гаранција дека неговата фирма навлегла во секој клон од военопроизводтсвениот комплекс на Русија - дејствие кое Путин навремето се обидуваше да го спречи. (Чемезов купи и дел од најголемото наоѓалиште на злато во Русија, откако во 11 минути продолженото наддавање за акциите ја победи државната Внешторгбанк, со што го зголеми своето огромно богатство).

Овие маневри, и покрај тоа то несомнено не беа со амин на рускиот претседател, скоро и да не беа неочекувани. На крајот Сечин, Кадиров и Чемезов се меѓу најмоќните личности во Русија, и во скоро две децении тие ја стабилизираа силата на Кремљ, иако понекогаш не ги слушаат заповедите на Путин. По сето ова, политичките лидери во Русија од втората и третата геренација почнаа да се отклонуваат од линијата на Кремљ.

Раководители на регионални влади, од кои многу се оптоварени од федералниот долг, кои веќе не го враќаат или се канат да сопрат да го враќаат долгот, се посилно и почесто го изразуваат своето несогласување. Покрај тоа, расте и бројот на оние кои ги елиминираат локалните владеачки структури од врвот зџа да си гарантираат своето останување на власт.

За да се справи со овие потреси, Путин смени во последните три седмици шестмина регионални лидери, а на 17 февруари го свика Советот за национална безбедност во обид да ги смири заканите за масовна чистка на регионално ниво.

И покрај тоа што Володин е еден од лојалните луѓе на Путин, сосема е можно тој да стане непокорен, кога ќе акумулира доволно власт со каква располагаат повеќето останати членови на руската политичка елита. Тоа би било катастрофа за претседателот.

Последното што му е потребно на Путин е нов соперник од тешка категорија, особено кога предизвиците кон неговата власт продолжуваат да растат. Путин веќе започна да ја прави својата канцеларија поавторитарна и тврдолинијска, но нему се уште му се потребни верни луѓе кои ќе ја споведуваат неговата стратегија наместо да се фокусираат на својот сопствен пат кон власта. 

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови