Почнуваат консултации за претседател на Собранието

Партиите кои го сочинуваат парламентарно мнозинство од денеска почнуваат консултации за избор на претседател на Собранието, а по нивното завршување ќе иницираат свикување на седница на парламентот, објави Дојче Веле.

Според неофицијални проценки, седницата најрано би можела да се одржи в среда (15.03) или четврток.

До денеска изминуваат 73 дена откако на 30 декември 2016 година се верификуваа мандатите на 120-те народни избраници кои го сочинуваат деветтиот парламентарен состав: 51 од Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, 49 од Коалицијата предводена од СДСМ, 10 од  ДУИ, 5 од Беса, 3 од Алијанса на Албанците и два од ДПА.

Извор: Дојче Веле/Фото: МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови