Како Јелена Ѓоковиќ од обожувана жена во Србија, стана непријател број еден

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ додека беше број еден во светот, сите пофални зборови одеа на сметка и на неговата сопруга Јелена. Но откако Ѓоковиќ не е повеќе во форма како што беше, кој патем ја прекина и соработката со Борис Бекер, негативните коментари одат и на сметка на неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ.

„Кампањата“ против неа се засили откако се појави видеото, кога Јелена мисли дека е исклучен „лајв стримингот“ од тренингот на Ѓоковиќ и потоа почнува недоличното да се однесува кон него.

За што е виновна Јелена?

-Некогаш омилената снааа на цела Србија, природна, насмеана сопруга на Новак Ѓоковиќ, денеска е караконџула која му вика на Новакл. Го тера да јаде овошје и зеленчук, да медитира, и не му дава да се дружи со Бекер.

- Се почна од пред една година, кога стана јасно дека Новак не јаде месо и на сите им беше јасно дека за тоа е виновна Јелена.

-Џабе што Јелена е школувана и успешна таа во очите на Србите само е сопруга на Новак Ѓоковиќ.

извор: blic.rs

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови