Столтенберг: НАТО е гарант на мирот и безбедноста на Западен Балкан

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска на прес-конференција во Брисел го претстави годишниот извештај на Северноатлантската алијанса за 2016 година, при што се осврна и на случувањата на Западниот Балкан.

Според Столтенберг, како доказ дека НАТО е посветен на земјите во овој регион е поддршката на нивна евроатлантска интеграција, што го покажува случајот со Црна Гора која наскоро ќе стане 29. членка на Алијансата.

„НАТО помогна да се зачува мирот на Западниот Балкан повеќе од 20 години и тоа ќе продолжи да го прави. НАТО е гарант на мирот и стабилноста во регионот, бидејќи тоа е важно за нашата безбедност. Ние продолжуваме со поддршката на евроатлантската интеграција на Западниот Балкан, бидејќи тоа е клуч за стабилноста и проспертитетот во регионот и пошироко. Во 2016 година ја отворивме вратата за Црна Гора да стане член на Алијансата и досега, 25 членки го потпишаа пристапниот протокол за Црна Гора да стане 29. членка на НАТО“, истакна Столтенберг.

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови