Винарската визба „Тиквеш“ ја удвои добивката

Винарската визба „Тиквеш“ АД Скопје лани кај вкупните приходи забележаа раст од 9%, односно зголемување за 112,8 милилиони денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.

Растот се должи на зголемените приходи генерирани од домашниот пазар (за 12%) и од странските пазари (за 6%).

„Бруто добивката бележи раст од 27%, односно зголемување за 111 милиони денари. Зголемената бруто добивка и намалените оперативни расходи за 6% резултираа со оперативна добивка од 158 мил. денари, односно зголемување за 32% во споредба со 2015 година“, соопшти компанијата.

Финансиските расходи се намалени за 10,9 мил. денари.

„Нето добивката од редовното работење пред оданочување е повеќе од дуплирана во споредба со 2015 година односно е на износ од 99 милиони денари. За работењето во 2016 година не беа исплатени дивиденди. Во 2016 година се остварија вложувања во материјални средства од 37 мил. денари“, соопшти компанијата.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести