Германци, Руси и Кинези во трка: Кој ќе го “земе“ белградскиот аеродором

За повикот за концесија на аеродромот “Никола Тесла“ во Белград се заинтересирани 27 компании, објави премиерот на Србија, Александар Вучиќ. 

Според него, понудите се оператори од Кина, Франција, Германија, Русија и други земји. 

Вучиќ истакна дека очекува голема борба околу концесијата, бидејќи најголем дел од операторите го гледат Белград како раскрсица на југоисточна Европа.

Една од заинтересираните компании е и руски “Новапорт“. 

Според советникот на рускиот холдинг Роман Троченко, планот на “Новапорт“ е да инвестира над 250 милиони евра во развивање на аеродромот “Никола Тесла“.

Резултатите од повикот за концесија на белградскиот аеродром се очекуваат за еден месец.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови