Потребни се волонтери за акцијата со која се собираат фустани за матурантите што не можат да си дозволат

За акцијата „Среќно матуранти“ која ја прави здружението „Проект среќа“ потребни се волонтери од Струмица, Гевгелија, Неготивно, Велес, Берово, Делчево, Кочани, Прилеп, Охрид, Струга, Тетово и Гостивар.

Ова го објави Кристина Арнаудова на Фејсбук, која е основач на ова Здружение.

Имено во рамките на оваа акција, како и лани, и оваа година ќе се собираат фустани и гардероба за матурантите на кои им се потребни, а од различни причини не можат да си дозволат.

Заинтересираните волонтери треба да се пријават на страницата на Проект среќа.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови