Стечај и се заканува на една од фирмите на Велија Рамковски

Централниот регистар на Република Македонија постапувајќипо службена должност за упис на решение за поведување на претходна постапка на Основен Суд Скопје 2 Скопје за друштвото за дистрибуција, трговија и услуги „Време трејд“ донесе решение со кое се одобрува постапката за претстечај.

„Се закажува рочиште поради изјаснување по предлогот за отворање на стечајна постапка на ден 10.04.2017 година во 13,00 часот, во судница број XXIII на III-ти кат нов дел.

За привремен стечаен управник се определува лицето Ацо Дамчевски.

„Се задолжува привремениот стечаен управник да го заштити имотот на должникот со сите соодветни средства, да дава согласност на органите за управување на должникот за водење на работењето се до донесување на одлука за отварање на стечајна постапка со цел да се избегне значително намалување на имотот и да испита дали дали должникот има имот над кој може да се отвори и е доволен за спроведување на стечајната постапка и намирување на трошоците на стечајната постапка и побарувањата на доверителите и да изготви извештај за економско финансиската состојба на должникот.

Се одредува општа забрана за располагање со имотот на должникот. Се забранува одредување или спроведување на присилно извршување или обезбедување против должникот. Се забранува исплати од сметките на должникот. Се повикуцваат должниците на должникот своите обврски да ги исполнуваат , а должниковите солидарни содолжници и гаранти без одлагање да ги исполнат своите обврски кон должникот.

Се задолжува должникот да му овозможи на привремениот стечаен управник да влезе во неговите деловни простории за да може да ги спроведе потребните дејствија, како и да му допушти увид во трговските книги и неговата деловна документација.

Се задолжува привремениот стечаен управник во прилог на извештајот за економско-финансиската состојба на должникот да ги достави и следните потврди - потврда од Агенцијата за катастар на недвижности, потврда од МВР, потврда од Централен депозитар за хартии од вредност, потврда од Заложен регистар, потврда од Централниот регистар на РМ дали должникот располага со имот во друго трговско друштво и потврда од Град Скопје“, пишува во решението.

Фото: А1Он

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Листа на должници на УЈП: Фирмите на Велија Рамковски должат 3,1 милиони евра за данок

Замина во историјата: „Плус продукција“ на Велија Рамковски избришана од регистерот

Ќерката на Велија, Емел Рамковска излезе од затвор

Се продава возниот парк на фирмите на Велија Рамковски

Бродот на Велија, повтoрно плови по Охридско езеро под името „Рагуса”

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови