„Сковин“ оствари добивка од 5.000 евра

„Сковин“ АД Скопје за периодот од 01.01 до 31.12.2016 година оствари позитивен резултат, соопшти компанијата преку Македонската берза. Oперативните приходи во 2016 година во однос на 2015 се со тренд на зголемување и изнесуваат 247.560.000 денари.

Во 2016 година приходите од продажба на домашен пазар се зголемени за 42 индексни поени во однос на 2015 година, а кај приходите од продажба на странски пазари се забележува зголемување од 26 индексни поени.

„Порастот на продажба на домашен и странски пазар е како резултат на промена на продажната политика која треба и во идните периоди да резултира со зголемени приходи.

Поради подобро управување со производните трошоци, оперативните расходи во 2016 година забележија намалување за 2 индексни поени. Структурно гледано забележлив пад имаат трошоците за амортизација, плати, со тенденција на понатамошно намалување на расходите до едно оптимално ниво кое нема да влијае на квалитетот на работењето“, соопшти компанијата.

Оперативната добивка во 2016 година изнесува 9.220.000 денари, а истиот период во 2015 година изнесувала 11.751.000 денари, што значи намалување од 22 индексни поени.

Нето добивката во 2016 година изнесува 305.000 денари или околу 5.000 евра, a минатата година истата изнесувала 311.000 денари.

„Оваа година Сковин АД Скопје во своето работење се соочи со одредени структурни промени, што треба да се одразат позитивно во наредниот период. Како основна цел кон која се стреми менаџментот на команијата останува определбата да се зголеми продажбата на флаширано вино, за сметка на наливно вино и да се фокусира на продажбата на производи кои ќе ги задоволат специфичните вкусови на потрошувачите“, соопшти компанијата.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови