Се огласи Питер Ванхојте: Федерализација е забранет збор во Македонија

Питер Ванхојте во својот најнов пост вели дека зборот федерализација е забрането дури и да се спомене во Македонија и дека тие што ќе се осмелат да го споменат веднаш добиваат етикета дека се противници на државата и дека сакаат да ја поделат земјата.

Тој потоа објаснува зошто федерализацијата не е ѓаволска работа дури и за земја каква што е Македонија.

„Четириесет отсто од светската популација живее во земји со федерално уредување. Во нив, спаѓаат големи земји како Индија и САД, но и мали земји како Австрија и Белгија и земји со средна големина, како на пример Германија. Повеќето од овие земји се стабилни, не се подложни на поделба или пак во фаза на распаѓање“, вели Ванхојте.

Тој потоа додава дека од 2001 година наваму, Македонија веќе има некои карактеристики на федерална држава и дека двојазичноста не е закана и не води кон распаѓање на државата, туку дека е културно богатство на земјата.  

Целиот пост на Питер Ванхојте ТУКА.

Фото: МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!