Македонски Телеком ќе овозможи HD стриминг во живо на концертот на Depeche Mode во Берлин

Македонски Телеком ќе им овозможи на фановите да го доживеат концертот на Depeche Mode преку HD стриминг во 360 степени во живо, како да се на самиот настан.

Depeche Mode ќе настапат на „Telekom Street Gigs” во Берлин на 17 март, во 20:00 часот, каде ќе го промовираат својот нов албум – „Spirit“.

Гледачите ќе можат целосно да се внесат во сцената со глобалните супер – ѕвезди преку веб страницата на Македонски Телеком www.telekom.mk.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови