Дизајн што продава, бизнис викенд во Јавна соба

Честопати се прашуваме која е причината што младите претприемачи од Македонија не успеваат да ги дигнат своите брендови на ниво на национални или регионални?  

Дали причината е домашниот пазар или недостаток на одредени вештини кои не се стакнати за време на образованието, или пак постои друга причина? Дизајнерите, а особено младите дизајн брендовите кои нудат производ, видно заостануваат  зад млади брендови во регионот.

Линк до настанот, ОВДЕ.

Во период 17. - 19. март, Јавна соба ќе биде центар за размена на деловно - практични искуства помеѓу успешни дизајнери, комуниколози и маркетинг експерти кои имаат огромно практично  искуство кое им е во овој момент нужно на младите претприемачи од Македонија.

Програмата e  целосно насочена им помогне на младите претпримачи да развијат поиновативен пристап до пазарот, основаат здрава комуникациска стратегија, да ја зголемат нивната конкурентност преку мудри и креативни одлуки што резултира со зголемување на продажбата како на домашен така и на странски пазар. 

Настанот е отворен за јавноста, влезот е слободен за време на предавањата, а програмата нудии дополнителна можност за тет а тет средби и соработка со дизајнери и маркетери од регионот, кои работат за едни од највлијателните брендови во индустријата ( Србија Телеком, Просторија, Гир) и кои знаат дека дизајнот ја игра највлијателната улога во процесот на креирање бренд, пораката која се испраќа на клиентите и градењето на стабилна врска со истите. 

Настанот дизајн што продава е во организација на Јавна соба и Grow up Academy, и е  поддржан од страна на Swiss Contact.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови