(Видео) Професорот што стана хит на социјалните мрежи, раскажува како децата упаднаа среде интервју

Професорот по политички науки Роберт Кели, кој стана хит на Интернет бидејќи децата му упаднаа среде интервју на „Би-Би-Си“ во живо, раскажува како се случи целата ситуација. 

Имено, кога почнало интервјуто, неговото семејство во друга соба го гледале на телевизија. Кога четиригодишната Марион го видела на телевизија одлучила да го побара во друга соба, бидејќи препознала од каде нејзиниот татко се јавува.

„Штом ја отвори вратата, ја видов на својот екран. Веднаш потоа дојде и осуммесечнотo бебе со дубалка и знаев дека е се готово,“ раскажува Кели.

Сопругата, бидејќи доцнел сигналот, не забележала дека децата отишле кај татко им, а кога сфатила и таа се упатила во собата.

Кели изјавил дека тој е единствениот виновен за пропустот, бидејќи не ја заклучил вратата.

„Тоа беше комедија полна со грешки. Направив грешка која моето семејство го претвори во ѕвезди на ју тјуб.“ додава тој.

Со сопругата биле убедени дека никој од телевизиите повеќе нема да ги контактира, поради лошиот впечаток.

Веднаш испатил меил до Би-Би-Си во кој се извинил, но набрзо му се јавиле за дозвола да го пуштат видеото на интернтет.

Најпрво одбиле, бидејќи им било непријатно, но сфатиле дека на тој начин ќе покажат како изгледа едно нормално семејство.

„Тоа се мали деца, и така е со нив“.

„Би-Би-Си“ потоа направи интервју со целото семејство, каде што тој и неговата сопруга ги држеа децата во раце и одговараа на прашања на новинарот.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови