Сите досегашни претседатели на Собранието

Вчера СДСМ, ДУИ, Беса и Алјансата на Албанците најавија дека ќе поднесат инцијатива за собраниска седница на која се очекува да се избере нов претседател на Собранието.

Иницијативата ќе биде поднесена до претседателот на Собранието во заминување, Трајко Вељаноски, кој потоа треба да свика координација и да ја закаже седницата, за чие закажување нема рок.

Доколку тој не ја закаже седницата, тоа може да го направи најстариот избран пратеник, Бранко Манојловски од ДУИ, како што предвидува Деловникот на Собранието.

Како што веќе објави еМагазин неофицијално најсериозен кандидат за нов претседател на Собранието е пратеникот на ДУИ, поранешниот министер за одбрана, Талат Џафери, кој ќе биде и првиот Албанец на оваа функција.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Вељаноски закажа координативна средба во Собранието за вторник

Талат Џафери ќе биде новиот претседател на Собранието?

Како се избира претседател на Собрание?

Во меѓувреме еМагазин Ве потсетува на сите досегашни претседатели на Собранието:

Tрајко Вељаноски (25.06.2011- 10.05.2014)

Трајко Вељаноски  (21.06.2008 - 25.06.2011)

Љубиша Георгиевски  (01.08.2006 - 21.06.2008)

Љупчо Јордановски  (18.11.2003 - 16.06.2006)

Никола Поповски  (03.10.2002 - 07.11.2003)

Стојан Андов (30.11.2000 - 03.10.2002)

Д-р Саво Климовски (19.11.1998 - 30.11.2000)

Тито Петковски (06.03.1996 - 19.11.1998)

Стојан Андов (19.11.1994 - 06.03.1996)

Стојан Андов (08.01.1991 - 19.11.1994)

Д-р Вулнет Старова (28.04.1986 - 08.01.1991)

Станко Младеновски (25.04.1985 - 28.04.1986)

Ката Лахтова (28.04.1984 - 25.04.1985)

Бошко Станковски (28.04.1982 - 28.04.1984)

Благоја Талески (28.04.1978 - 28.04.1982)

Благоја Талески (07.05.1974 - 28.04.1978)

Никола Минчев (06.05.1969 - 06.05.1974)

Никола Минчев (23.09.1968 - 06.05.1969)

Мито Хаџивасилев - Јасмин (12.05.1967 - 12.05.1968)

Видое Смилевски - Бато (25.06.1963 - 12.05.1967)

Љупчо Арсов  (26.06.1962 - 24.06.1963)

Лазар Колишевски (15.04.1958 - 26.06.1962)

Лазар Колишевски (19.12.1953 - 15.04.1958)

Димче Стојанов - Мире (04.01.1951 - 18.12.1953)

Д-р Димитар Несторов (30.12.1947 - 03.01.1951)

Д-р Борис Спиров (30.12.1946 - 30.12.1947)

Методија Андонов Ченто Претседател на Президиумот на АСНОМ (02.08.1944 - 15.03.1946)

Фото: МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови