ЕКСКЛУЗИВНО: НЛБ ги продава пензиските фондови во Македонија

5202 Views Mарт 17, 2017 Бизнис Никола Осило

Нова Љубљанска Банка д.д. Љубљана („НЛБ”) започнува со барање на инвеститори за откуп на 100% од акционерскиот капитал на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје („НЛБ НПФ“), друштво за управување со пензиски фондови со седиште во Македонија, што управува со два пензиски фонда во Република Македонија (пензиски фонд од задолжителниот втор столб и пензиски фонд од доброволниот трет столб), управувајќи со средства од околу 370 милиони евра.

Групацијата НЛБ поседува 51% од акционерскиот капитал на НЛБ НПФ, а останатите 49% се во сопственост на НЛБ Банка АД Скопје, Република Македонија, фирма ќерка на НЛБ, која што го продава својот удел во акционеркиот капитал на НЛБ НПФ заедно со НЛБ.

Одделот за корпоративни финансии на НЛБ го координира и го организира процесот на продажба во име на НЛБ и НЛБ Банка АД Скопје.

НЛБ (преку Одделот за корпоративни финансии на НЛБ или на друг начин) и НЛБ Банка АД Скопје го задржуваат правото, секој од нив по своја процена, од кој било заинтересиран инвеститор да побараат понатамошни информации за инвеститорот и/или предвиденото финансирање на предложената инвестиција пред вклучување на инвеститорот во процесот на продажба.

„Оваа објава е изработена исклучиво со цел да се известат потенцијалните инвеститори за можноста да го искажат својот интерес за процесот на продажба и на никој начин не ги обврзува ниту НЛБ, ниту пак НЛБ Банка АД Скопје да склучат некој вид на договор за продажба или друга трансакција со потенцијалниот инвеститор.

Оваа објава не претставува, односно не е дел од понуда или повик за продажба или издавање, или пак убедување за купување или впишување на било кои хартии од вредност на НЛБ НПФ или хартии од вредност во било кој друг субјект, а освен тоа оваа објава или било кој дел од неа не смее да биде основа за каква било инвестициска одлука или договор, а во таа насока исто така било каква инвестициска одлука или договор во врска со истата.не смее да се потпира на објавата“, велат во Банката.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!