Голем дел од администрацијата пред пензионирање: Каде се очекуваат најмногу нови вработувања?

4627 Views Mарт 18, 2017 Бизнис Никола Осило

Просечната возраст на вработените во јавниот сектор во Република Македонија изнесува 45,43 години, покажуваат најновите податоци на Министерството за информатичко општество и администрација.

Најмногу се на возраст од 46 до 55 години, што претставува 30,23% од вкупниот број вработени.

Потоа следат возрасната група 36-45 години во која припаѓаат 25,16% вработени, возрасната група 56-64 години со 21,34% и вработените на возраст 26-35 години кои се 20,73% од вкупниот број вработени во јавниот сектор. На возраст од 18 до 25 години се 2,02% од вработените, а најмалку застапена е возрасна група над 64 години во која припаѓаат 0,52% од вработените.

Доколку се анализира просечната возраст по вид на институција, може да се забележи дека најголема просечна возраст од 48,39 години има кај јавните претпријатија, додека пак најмала просечна возраст од 33,1 година има кај Секретаријатите на Влада на Република Македонија, при што најмлади се вработените во Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор.

Во однос на возрасните групи по видови на институции, на ниво на цел јавен сектор најголемо учество имаат возрасните групи од 26 до 35 години и од 36 до 45 години. Но во определени видови на институции, односно кај јавните претпријатија, јавните установи, судовите, самостојните државни органи, Уставниот суд и Народната банка значаен удел од над 20% има и возрасната група од 56 до 64 години, што значи дека во следните неколку години може да се очекуваат најголем број пензионирања.

Поради тоа, во наредниот период најмногу огласи за нови вработувања треба да се очекуваат токму кај овие институции.

Инаку, во дејностите земјоделие и шумарство и во информатичко општество (Јавниот радиодифузен сервис и Македонската радиодифузија), над 30% од вработените влегуваат во возрасната група од 56 до 64 години. Во МРТ, МРД и Собранието на РМ над 1% од вработените имаат повеќе од 64 години.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!