(ВИДЕО) Емотивна средба по 30 години: Семејството Попадиќ и понатаму сака „Подобар живот“

9852 Views Mарт 18, 2017 Забава Никола Осило

Иако поминаа 30 години од премиерното издание на серијата „Подобар живот“ („Болји живот“), кога и да се реемитува таа доживува рекордна гледност.

Актерската екипа составена од Светлана Бојковиќ, Лидија Вукиќевиќ, Марко Николиќ, Борис Комнениќ и Драган Бјелогрлиќ во чест на 600. издание на магазинот „Стори“ ја рекреираше познатата фотографија од семејството Попадиќ.

Од фотографијата и видеото може да се забележи дека некои од актерите изгледаат речиси исто како и пред три децении, а други веќе се видно подостарени.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!