Ердоган не престанува со изненадувања: „Без размислување ќе го потпишам законот за смртна казна“

1248 Views Mарт 18, 2017 Балкан Никола Осило

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска дека очекува Парламентот да го усвои враќањето на смртната казна по одржувањето на референдумот за проширување на претседателските овластувања на 16 април.

„Семејствата на мачениците, хероите, не треба да се грижат. Верувам, со божја волја, дека по гласањето на 16 април, Парламентот ќе направи се што е потребно кога се во прашање вашите барања поврзани за смртната казна“, истакна Ердоган, додавајќи дека „без размислување“ ќе го потпише законот за враќање на смртната казна.

Западните медиуми оценуваат дека со ваквиот потег би можело да се стави крај на патот на Турција кон членство во ЕУ.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!