(ВИДЕО) САД на конкурс бара ѕидот кон Мексико да биде „убав за око“

258 Views Mарт 19, 2017 Свет Никола Осило

Американското Министерство за национална безбедност распиша конкурс за идејно решение за ѕидот кон Мексико, наведувајќи дека би било идеално да е висок девет метри, а делот кон САД да биде „убав за око“.

Претседателот Доналд Трамп вети дека Мексико ќе ги врати парите на САД вложени во изградбата на ѕидот, но властите во Мексико неколкупати отфрлаа таква идеја.

Белата куќа претходно побара од Министерството за национална безбедност да ибезбеди три милијарди долари од кои дел ќе се потрошат за ѕидот на границата.

Според документот, ѕидот треба да биде висок девет метри, да биде изграден од бетон и да изгледа „импозантно“. Прифатлива е и висина над 5,5 метри, а ѕидот мора да биде таков да не може по него да се качуваат луѓе или да го продупчат, се додава во документот. 

МИА

 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!