Јункер: Ако Турција ја врати смртната пресуда тоа ќе значи и крај на преговорите со ЕУ

383 Views Mарт 19, 2017 Балкан Никола Осило

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер потврди дека ако Анкара ја врати смртната пресуда, тоа ќе биде сериозна пречка за државата да стане членка на Европската унија.

„Ако смртната пресуда биде воведена одново во Турција, тоа ќе значи и крај за преговорите на државата“, изјави Јункер за Билд, зборувајќи притоа за „црвена линија“.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа изјави дека очекува парламентот да одобри враќање на смртната казна по референдумот во април за проширување на овластувањта ан претседателот. Тоа беше првпат Ердоган да го повика парламентот да одобри враќање на смртната казна.

Од друга страна Јункер порача дека таков потег би бил на штета за Турците.

„Членството на Турција ќе биде невозможно ако случајот е таков, но не заради европејците туку заради недостигот од желба кај Турците да воведат европски стандарди“, додаде Јункер.

Шефот на германската дипломатија Зигмар Габриел е уште потврд во ставовите за Турција.

„Денес сме подалеку од кога било досега со членството на Турција во ЕУ“, изјави Габриел за Шпигел.

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!