ЕКСКЛУЗИВНО: ЦИА открива детали од апсењето на Методија Андонов Ченто

Како што во неколку наврати пишуваше „еМагазин“, американската Централна разузнавачка агенција – ЦИА неодамна објави 12 милиони тајни документи меѓу кои и илјадници кои се однесуваат на Македонија и Југославија.

Во оваа прилика ви пренесуваме како разузнавачите на ЦИА ги известувале своите претпоставени за состојбата во југословенските републики веднаш по Втората светска војна.

Во документот од 1947 година се потенцира незадоволството кај југословенските народи од тогашниот комунистички режим.

„Релативно поголема цивилна слобода споредено со останатите делови на Југославија има во Македонија, што се должи на територијалната близина со грчката и бугарската граница. Постои големо генерално незадоволство од режимот. Според некои пресметки, 25 отсто од населението го поддржува режимот, 25 отсто се просрпски или пробугарски настроени, додека останатите 50 отсто се залагаат за независна Македонија под англо-американски протекторат“, се вели во документот на ЦИА.

Во него, се опишува и обидот за бегство и апсењето на Методија Андонов Ченто.

„Неодамна, поранешниот претседавач со АВНОЈ, Методија Андонов Ченто, кој е актуелен претседател на македонскиот парламент заедно со 13 народни избраници се обидоа да пребегаат преку грчката граница. Нивното апсење од страна на граничните патроли дополнително го зголеми постоечкото незадоволство кон централната влада“, се вели во документот на ЦИА од 1947 година.

Во документот, се додава дека комунистичките власти не успеале да стекнат популарност во Македонија главно поради тоа што власта била дадена во рацете на група некомпетентни и неискусни лица, кои не биле Македонци и затоа не уживале поддршка ниту пак почит кај населението.

Оргиналниот документ на ЦИА ТУКА.

СИТЕ ДОКУМЕНТИ НА ЦИА ЗА МАКЕДОНИЈА КОИ ЕМАГАЗИН ДО СЕГА ГИ ОБЈАВИ МОЖЕТЕ ДА ГИ НАЈДЕТЕ ОВДЕ.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!