„Анима Мунди“ за кучето што искасапи дете: Несреќа во која еден миг човечки превид, има кобни последици

Здржението за заштита на животни „Анима мунди“ испрати соопштение до јавноста по повод реакциите на социјалните мрежи, во кое се прозиваат како здружение, бидејќи кучиња нападнаа и растргнаа тригодишно дете во Кичевско, по што детето почина.

„Длабоко сме потресени и изразуваме сочувство до семејството на малиот Џеваир од кичевското село Бачишта, кој пред неколку дена беше нападнат и растргнат од овчарски кучиња. Во оваа трагедија загубата е ненадоместлива и искрено жалиме.Ова е несреќа во која само еден миг човечки превид, или неодговорност има кобни последици. Кучињата кои го нападнале малото дете имале сопственик, но се шпекулира и дека се приклучиле и бездомни кучиња,“ се вели меѓудругото во реакцијата.

Оттаму го посочуваат коренот на проблемот, причинителот на прекубројноста на бездомните кучиња – кои се на улица, за како што велат, но не по своја вина.

„Најголем причинител за бездомни животни е човекот, кој ги размножува неконтролирано, потоа исфрла на улица. Сето тоа е игнорирано, поминува неказнето од страна на институциите и неминовно води до продлабочување на проблемот. Тука лежи примарната одговорност.

Неопходно е веќе еднаш да сфатиме кај кого е вината, а тоа не се здруженијата за заштита на животни во кои јавноста знае да го впери прстот. Здруженијата не сакаат бездомни животни на улица и се единствени кои волонтерски, самостојно, континуирано дејствуваат и реално придонесуваат кон намалување на бројката бездомни кучиња; 1) инсистираат на вдомување наместо купување миленик; 2) бараат со закон да се дефинира задолжителна стерилизација; 3) формулирање законска рамка која ќе санкционира неодговорно сопствеништво – напуштање и неконтролирано размножување на милениците, 4) доследна примена на законите!,“ велат оттаму.

Оттаму исто така велат дека „јавните пари циклично се трошат, а се развива насилно и сурово однесување кон животните од страна на локалното население и обратно, раздразливост, недоверливост кај животните“

„Сакаме јавноста да знае – ниту едно куче не се раѓа агресивно. Агресијата раѓа агресија. Особено кај оние кои некогаш биле злоупотребувани во борби и тренирани и исфрлени на улица – таквите кучиња се тренирани да можат да убијат. Кичевскиот реон каде што е нападнато детето е познат по организирани борби со кучиња.Еднаш за секогаш за да се пронајде решение за овој децениски проблем, мора да се третираат причините, коренот на проблемот,“ велат од „Анима Мунди“.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови