(Фото) ЕКСКЛУЗИВНО: Македонската компанија „Завар дизајн“ доби престижна награда во Њујорк

17388 Views Mарт 20, 2017 Бизнис Силвана Жежова

Македонската компанија „Завар дизајн“ доби престижна награда во Њујорк за најдобар иновативен дизајн за 2017 година.

Генералниот менаџер на компанијата Марта Наумовска Грнарова присуствуваше на настанот „Architectural digest design show“ каде што ја прими оваа награда од Американска асоцијација за внатрешен дизајн.

„Завар дизајн“ се занимава со дизјанирани радијатори, а во интервју за „еМагазин“, Наумовска Грнарова во една прилика кажа дека со квалитетот и пристапот на дизјанот, се разликуваат од останатата понуда и конкуренцијата. Нивна стратешка цел е, производите да ги насочат кон повисока класа на клиенти, кои знаат да ја проценат вистинската вредност на производите, високиот квалитет, рачниот финиш и посебниот пристап кон дизајнот.

„Тука ја гледам предноста и местото на пазарот каде да се пласираме. Цените од друга страна не се премногу високи. Тие се прифатливи и споредливи со стандардни производи. За голем број на фабрики, проблем е да направат исчекор и да покријат дел од пазарот на кој не се застапени,“ вели Наумовска Грнарова.

Наградата во Њујорк, вниманието на јавноста што го привлекоа овие радијатори, интервјуата за медиуми се одлична можност за пробив на американскиот пазар.

Радијаторите на „Завар дизајн“ се извезуваат во повеќе земји во светот, меѓу кои и на префинетиот француски пазар, па така вили на Алпите, се грејат со македонски радијатори.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ:

Наумовска Грнарова: Да си исполнет и среќен, тоа е најголем успех

(Галерија) Француска вила на Алпите се грее на македонските радијатори „Завар дизајн“

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови