(ВИДЕО) Добрата песна далеку се слуша: Македонија е годинешново изненадување на Евровизија

Евровизиската песна на Јана Бурческа, "Dance alone" е најголемото изненадување за овогодинешнава Евровизија. Иако важиме за музичка нација по се изгледа никој не очекувал толку добра песна од Македонија.

Да бидам искрен и јас сум многу пријатно изненаден. 

Песната на Јутјуб веќе има над еден милион прегледи, што рака на срце не им успева и на актуелни светски хитови.

Што е уште поинтересно песната е хит и во Грција. Нормално не изостануваат коментарите поврзани со името, но до сега не се случило македонска евровизиска песна да добие подршка од јужниот сосед, како што милува да каже коментаторката на Евровизија од МРТВ.

Сега е најважно како ќе изгледа нејзиното изведување во живо. Се надевам дека на Јана нема да и го уништат настапот со некоја глупа кореографија како што тоа му го направија на Тоше и дека таа ќе даде се од себе за добра изведба на песната.

Ако се биде во ред годинава во најмала рака не ни бега финале. А зошто и да не бидеме меѓу петте најдобри.

Секако општо познато е дека на Евровизија не ретко некој друг ги влече конците, како што беше случајот со минатогодишниот победник, на кој веќе никој не се сеќава. 

Како и да е Јана ми е еден од фаворитите годинава. Не дека е наша.

Сериозна конкуренција за неа, ако зборуваме за добра песна, без политика, гледам единствено во преставниците на Белгија, Шведска и Латвија, а можеби и Италија и Естонија.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Петре Димитров

Професионален дипломиран новинар со долгогодишно искуство. Најмногу сака да патува и да прави возбудливи репортажи, но за да јавноста биде објективно информирана следи и бизнис и политика.