Форд со инвестиција од 600 милиони евра во Германија

Автомобилскиот гигант Ford инвестира 600 милиони евра во склопување возила во областа Сарлуис, Германија, каде се подготвува терен за производство на новата генерација Ford Focus. 

„Инвестицијата од околу 600 милиони евра ја потврдува нашата континуирана лојалност кон Германија, како наш главен центар на операции во Европа. Вработивме повеќе од 25.000 луѓе само во оваа земја, што е повеќе отколку што вработуваме во цела Европа“, вели Џим Фарлеј, претседател и извршен директор на Форд во Европа, Блискиот Исток и Африка.

Со инвестицијата следуваат подобрувања во ефикасноста на трошоците и продуктивноста на производството во оваа област.

„Имаме екстензивни постројки за производство на возила и мотори и во Сарлуис и во Келн кој исто така, е дом на големи дизајн и инженеринг операции и е одговорен за правење возила за потрошувачите ширум светот. Во Ахен постои центар за истражување и иновација на Форд каде се работи на развивање нови технологии“, додава Фарлеј.

Инвестицијата во Сарлуис е наменета за продукција на највисоко развиена опрема, логистичка поддршка и проекти за довод на енергија. Од голема важност е и инвестицијата во два нови системи кои овозможуваат топло печатење на боронски челик. Техниката овозможува челикот да се процесира директно во деловите на шасијата, поддржувајќи конструкција од лесна категорија во произведување на возилата. 

Дел од инвестицијата вклучува поефикасен довод на енергија кој не е опасен за животната средина. Во соработка со СТЕАГ Нови енергии, Форд вработува пет нови когенеративни единици во фабриката за доставување енергија и нејзино греење. Притоа, емисијата на јаглероден диоксид се намалува за 20 проценти. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови