НовоЛото 7/34 збогати тетовчанец за 10 милиони денари

22 –то коло на НовоЛото 7/34, чие извлекување се одржа на 18.03.2017 година на ТВ Сител, го донесе и петнаесетиот добитник на главната премија од постоењето на НовоЛото 7/34. 

Седумката вредна 9.999.040 денари е уплатена во Тетово во продажното место МА-ДЕ-БЕ ДООЕЛ.

Среќниот добитник уплатил 8 комбинации на НовоЛото 7/34 или 160 денари. Уплатата е извршена во истиот ден на извлекувањето, а добитна е седмата комбинација од уплатените. 

Инаку само пред три кола во Тетово беше уплатена и добитна комбинација за добивката 6+1, но во среќното место Детектив 001 во Веро – Тетово. 

Среќниот добитник на седумката го очекуваме во посета на Државна лотарија на Македонија, и со нетрпение ја очекуваме неговата приказна за неговите среќните броеви.

Оваа седумка е прва во оваа 2017 година, а Фондот за седумка од наредното коло, повторно ќе биде 6.000.000 денари, сумата која ја гарантира Државна лотарија на Македонија . 

Не заборавајте да ја играте и дополнителната игра Џокер каде премијата е над 600.000 денари , бидејќи само КОЈ ИГРА ТОЈ И ДОБИВА. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови