Изложба на Цветанка Јованова Хермес: За сите кои трагаат по одговорот на прашањето – Кој Сум?

Цветанка Јованова Хермес со своите креации го поставува ултимативното човеково прашање „Кој си ти?“ на изложбата која ќе се одржи во Порта Македонија во 20.30 часот.

„Секој трага по нешто невообичаено, нешто извонредно. Тоа е потрага на егото, да се биде некој кој е специјален, да се биде некој кој е уникатен. Колку повеќе се трудиме да бидеме исклучок, се повеќе сме пообични. Ако станеме обични, самата потрага да се бидео бичен е извонредна, зошто ретко некој сака да биде никој, ретко кога некој сака да биде само празен, неисполнет простор. Кога ќе станеме обични, ние стануваме извонредни и одеднаш откриваме дека без потрага сме станале уникатни. Вотаа потрага, дојдов во контакт со себе, празен простор без почеток без крај. Тоа е вечна љубов, безвремено постоење. Го пронајдов битието, спознав Кој сум Јас!“, порачува Јованова.

Нејзината цел и дела се одговор на самозапознавањето, на круцијалните прашања кои го поттикнуваат секого да е тоа што е надминувајќи се себеси и своите очекувања.



Бидете дел од несекојдневната изложба и дознајте ги одговорите на тоа што го криете во себе.

Цветанка Јованова е родена во Неготино, Република Македонија, 1979 година. Дипломирала во 2001 година на ФЛУ во Благоевград, Р.Бугарија – отсек графика и во 2011 година магистрирала на ФЛУ Скопје. Како учесник на неколку групни изложби и на преку 100 колонии, работилници и ликовни перформанси во земјата и странство Јованова цели кон креирање на незаборавни уметнички дела поттикнати од нејзиното искуство и секојдневие.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови