Оливер Спасовски на распит во Обвинителство за изборни нерегуларности

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, денеска треба да се појави на распит во Основното јавно обвинителство. Распитот е во рамки на предмет на истрага на обвинителството за наводни сомненија за лажирање на финансиските извештаи на СДСМ, како и начинот на финансирањето на партијата.

Во петокот во ОЈО на распит беше и лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој изјави дека Јавното обвинителство отвора контра истрага на секоја нова истрага на Специјалното јавно обвинителство и дека ќе докаже дека работел согласно законите.

Фото: СДСМ

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови