Продажбата на „НЛБ Нов пензиски фонд“ може да ја „раздрма“ Македонската берза

Откако словенечката НЛБ најави дека го продава друштвото за управување со пензиски фоднови НЛБ Нов пензиски фонд кое управува со еден задолжетелен и еден доброволен пензиски фонд во Македонија, двата тешки 370 милиони евра може да се очекува да се размрда и Македонската берза.

Имено, отворениот задолжителен пензиски фонд НЛБ Пензиски фонд се јавува како акционер во повеќе големи македонски компании. Тоа значи дека евентуална промена на сопственикот на друштвото НЛБ Нов пензиски фонд кое управува со отворениот задолжителен НЛБ пензиски фонд може да донесе и нова инвестициска политика со што би дошло до промена на инвестициското портофолио на фондот.

НЛБ Пензиски фонд сега поседува околу 46.000 акции или 3,24 отсто вод вкупниот капитал на „Алаклоид“, 561 акција во „Фершпед“ или 3,12% од вкупниот капитал., над 212.000 акции во „Гранит“ или 6,9% од вкупниот капитал, 440.000 акции во „Македонски телеком“, 39.000 акции во Македонија турист, како и акции во Охридска банка, Комерцијална банка, „Прилепска Пиварница“ и други компании.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови