Оливер Спасовски не се појави на распит во Обвинителството

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, денеска требаше да се појави на распит во Основното јавно обвинителство, но не се појави. 

Дел од медиумите објавија дека не добил покана.

Распитот е во рамки на предмет на истрага на обвинителството за наводни сомненија за лажирање на финансиските извештаи на СДСМ, како и начинот на финансирањето на партијата.

Во петокот во ОЈО на распит беше и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Фото: СДСМ

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови