Продажбата на Нов пензиски фонд прв чекор од целосно заминување на НЛБ од Македонија?

6642 Views Mарт 21, 2017 Бизнис Никола Осило

Ќе донесе ли 2017 година големо преструктуирање во македонскиот финансиски сектор е прашање што станува се поактуелно ако се земат предвид неодамнешните најави за продажба на НЛБ Нов пензиски фонд, компанија која раководи со два пензиски фонда во земјава тешки околу 370 милиони евра.

Ваквото прашање добива на актуелност ако се знае дека во текот на изминатата година од Словенија пристигаа информации дека се крчка продажба на НЛБ Љубљанска банка.

Имено, словенечката Влада до крајот на 2017 година би требало да продаде мнозински пакет од 75 отсто од НЛБ Љубљанска банка.

Тамошните медиуми пишуваа дека Владата има оптимистички очекувања од над 900 милиони евра за доминатниот пакет, што според многумина е нереална вредност. Како главна маана на банката се 800-те милиони евра ненаплатливи побарувања, кои банката веќе се обидува да ги оттуѓи.

Според првичните најави продажбата би се реализирала преку јавна понуда на акции, за која интерес наводно веднаш покажале големи светски банки.

Со оваа одлука на словенечките власти која треба да се реализира до крајот на годинава ќе има промена и во сопственоста на една од трите најголеми банки во Македонија, НЛБ банка, каде што словенечката НЛБ поседува 86 отсто од акциите.

Така што, доколку се реализира официјалната најава за продажба на пензиските фондови на НЛБ во земјава и доколку словенечката Влада ја реализира намерата за продажба на НЛБ Љубљанска банка станува извесно дека Словенците имаат намера да ја напуштаат Македонија односно да го препуштат бизнисот на некоја друга финансиска институција.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Продажбата на „НЛБ Нов пензиски фонд“ може да ја „раздрма“ Македонската берза

ЕКСКЛУЗИВНО: НЛБ ги продава пензиските фондови во Македонија

МАПАС: Целосно ќа ја контролираме продажбата на НЛБ Нов пензиски фонд

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!