(Галерија) Bata пролет-лето 2017

Колекцијата на Bata за оваа сезона изобилува со шармантни модели на чевли кои гарантираат удобност и стил. Фотографирани во еден од најкосмополитските градови во Европа, Барселона  е новата локација за кампањата, а како заштитно лице повторно го среќаваме познатиот италијански модел Мелиса Сата.

Оваа сезона како тренд се појавува дезенот на тантелата во вид на перфорации на различни модели на спортските обувки и летните чизми, кои пак црпат инспирација од „Кочела“ фестивалите.

Спортските обувки добиваат нови форми, а ретро стилот на подебел ѓон повторно се враќа во мода. Металик сјајот преовладува на различни парчиња и е задолжителен елемент кој ќе даде шик изглед на комбинацијата.

Конечно жените можат да уживаат во носењето на омиленот моден додаток – чевли на високи потпетици. Обувките добиваат нова димензија и удобност благодарение на новата технологија - Bata Insolia. 


Овие чевли се создадени за пешачење, кои притоа ќе направат да изгледате повисоко, ќе се чувствувате комфорно, правилно ќе ја распределат тежината на целото стапало и истите ќе можете да ги носите три до четири пати подолго од вообичаено. Подобрувањето на држењето на телото и балансот, намалувањето на притисокот во колената и на предниот дел од стапалото  се клучни бенефити кои ги овозможува оваа технологија.

Зачекорете смело во пролетта со новата колекција чевли на Bata!

jQuery Slider
При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести