Што ги чека Македонците оваа лето на Халкидики: Цените за сместување исти, храната и пијалоците поскапи

На Халкидики, омилената дестинација на македонските туристи, веќе ги започнува подготовките за предстојната туристичка сезона. 

За нешто повеќе од еден месец колку што остана до почетокот на сезоната, Грците мора да ги „нашминкаат“ своите апартмани, да ги преуредат рестораните, да постават лежалки, да ги поправат патиштата.

Сепак најважната вест за македонските туристи кои се едни од најбројните во оваа грчка туристичка дестинација е дека цените на сместувањето, односно на апартманите остануваат исти како и минатата година. 

Се останато е поскапено, пред се храната.

„Летниот буџет“ оваа година за сите што повторно и оваа година планираат да летуваат на Халкидики ќе треба да им биде поголем, покажува анализата на цените на еМагазин.

Изнајмување апартман во јуни, според цените на грчките агенции во моментов чини 40 евра, а во јули за четири лица чини од 50 до 60 евра, до средината на август цената се „беторнира“ на 60 евра, а потоа цените се враќаат на 50 евра.

Што се однесува до храната и пијалоците, цените се поразлични. Додека во изминатите години за кафе и вода кафулињата наплаќаа по 1,5 евро, поради зголемување на данокот сега новата цена е 1,8 евра.

Литро млеко сега ќе ги чини туристите 1 евро, додека цената на лебот со пресметани повисоки даноци сега се движи од 0,80 до 1 евро.

Цени на храна во Грција

Месо                      8 евра
Млеко                    1 евро
Леб                        0,80-1 евро
Сирење                  4-8 евра
Јајца                      2,25 евра
Кисело млеко        1-15 евра
Компир                   0,70 евра
Риба                       5-20 евра
Пилешко                 4 евра
Кафе 100 гр           1,45 евра
Нутела 600 гр         4,5 евра
Малиново масло    6 евра
Бензин                   1,6-1,6 евра

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!