Македонците за Велигден ќе кршат јајца во Банско

Има голем интерес за аранжманите на туристичките агенции за посета на бугарскиот ски центар Банско за Велигденските празници.

Најголем дел од аранжманите се продадени, а останува уште некое место во автобусите. Македонците како и секоја година се најбројни туристи во Банско за време на Велигденските празници.

Од туристичките агенции велат дека побарувачката е голема, а голем дел од аранжманите се распродадени уште минатиот месец. Цените се движат од 80 евра за три ноќевања и вклучено се со превоз до 200 евра, во завснос од хотелот и услугата.

Велат дека освен резервациите преку агенции, голем дел од македонските граѓани директно резервираат во некои од хотелите во Банско кои им се веќе добро познати.

За овој голем весрки празник агенциите освен соседните земји како аранжамни со автобуси ги нудат и Азурниот брег, Атина, Букурешт, Будимпешта, Прага со Виена, Милано-Лугано-Комо-Верона, но и Швајцарија.

Како интересна авионска понуда, од агенциите ја истакнуваат Москва и Санкт Петербург, но и Рим, Париз и Берлин.

- И покрај бројните понуди, Македонците традиционално најповеќе се заинтересирани за земјите од соседството, односно Грција и Бугарија. Оваа година најмногу аранжмани има за Бугарија, односно хотелите во Банско. Се менуваат навиките, луѓето сакаат да одат и на планина, ни изјавија од една скопска туристичка агенција.

Од таму велат дека, иако станува збор за семеен празник, задоволни се од распродажбата на аранжманите, кои се речиси на исто ниво како од изминатите години.

Цените во Грција, се од 5 до 10 проценти повисоки за разлика од минатата година, но се во границите на нормалните годишни поскапувања во таа држава.

Се очекува, илајдници Македонци да ја напуштат државата за празниците.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!