Банкнотата од 50 евра на кирилица од денеска влегува во оптег

Од денес новата банкнота oд 50 евра на кирилица влегува во оптек, објави Европската централна банка.

Ова е трета банкнота од заедничката европска валута, на која натписот "евро" е испишан на кирилица, бидејќи бугарската азбука стана официјална во Европската унија, откако земјата се приклучи во Унијата во 2007 година.

Пред тоа, во 2013 година, прво беа заменети банкнотите од 5 евра, а потоа, во 2014 година, оние од 10 евра.

Новата банкнота од 50 евра е со подобрена заштита против фалсификат. Ова се наложуваше, бидејќи само во Германија цели 61% од сите запленети фалсификувани банкноти се имено апоени од 50 евра.

Во оптек денес влегуваат 5,4 милијарди од новите банкноти, а тие прво ќе се појавуваат во земјите од еврозоната.

Старите апоени продолжуваат да се редовно платежно средство и не е потребно да се разменуваат. Тие ќе бидат повлечени постепено од банките.

До крајот на 2018 година треба да бидат пуштени и нови банкноти со номинална вредност од 100 и 200 евра.
Веднаш потоа од оптек ќе се извадат оние со номинална вредност од 500 евра. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!