Невработеноста во eврозоната на најниско ниво во последните 8 години

Невработеноста во еврозоната во февруари е намалена за 0,1 отсто, на 9,5 отсто, што е најниско ниво од мај 2009 година, соопшти Евростат. Таа бројка е во согласност со очекувањата на аналитичари.

Стапката на невработеност во еврозоната во септември лани се намали под симболичното ниво од 10 отсто и оттогаш е во пад. Меѓутоа, таа цифра крие големи разлики меѓу 19-те држави од еврозоната.

Невработеноста во Германија е 3,9 отсто, во Малта 4,1 отсто додека во Шпанија е 18 отсто и во Грција 23,1 отсто во декември минатата година.

Стапката на невработеност во 28 држави од европската унија е намалена на осум отсто, што е најниско ниво од 2009 година.

Невработеноста опаѓа во 26 држави од Унијата, но расте во Данска од 6 на 6,4 отсто и во Литванија од осум отсто на 8,3 отсто. Во Франција стапката на невработеност е 10 отсто и не е променета од ноември 2016 година.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови