Запознајте го најстариот пратеник, Бранко Манојловски: Православен Албанец, кој во САД има цела зграда

Пратеникот на ДУИ, Бранко Манојловски, кој е најстариот пратеник во Собранието, предизвика голем интерес во јавноста, со своите настапи во актуелната расправа за избор на членови и претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

За него јавноста знае многу малку. Како што самиот кажа во Собрание тој е по потекло Албаниец, кој е македонозиран, термин кој до сега ретко сме го слушнале.

Тој е православен Албанец, а зборува албански, македонски и англиски јазик.

Во неговата биографија стои дека е роден во 1941 година, во селото Кичинице, во горнореканскиот крај, во кој го направи својот изборен спот за последните избори, по кои стана пратеник на ДУИ. 

Од 1968 година се иселил во САД, каде со семјството живее и работи.

Основно и средно училиште завршил во Македонија, студирал во Загреб каде дипломирал во 1967 година и по служењето на воениот рок заминал за САД.

Името на Бранко Манојловски во македонската јавност прв пат се слушна пред неколку години, кога на барање на православните Албанци, Македонската православна црква – Охридска архиепископија одобри во црковните храмови да можат да се одржуваат богослужби на албански јазик.

Како што посочи во едно од обраќањата во Собрание, тој се уште живее во САД.

КАКОВ ИМОТ ПОСЕДУВА?

Нема официјални податоци што се работел во САД и со колкаво богатство располага, но според анкетниот лист кој го доставил до Државната комисија за спречување на корупцијата, произлегува дека е во бизнис со рентање на недвижности.

Бранко Маноиловски, (со тое презиме е заведен неговиот анкетен лист) пријавил зграда од 1.200 метри квадратни во Илиноис, САД, вредена 78 милиони денари. Пријавил и рента од 660 илјади денари месечно.

Не навел во која валута чува депозит во странска банка од 1, 5 милиони. 

Неговиот анкетен лист, ОВДЕ.

Фото: А1Он/Видео: А1Он/изборна кампања на ДУИ/ZurnalTVLajme

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови