Винарската визба „Тиквеш“ неколкукратно ја зголеми добивката

Во 2016 година винарската визба „Тиквеш“ АД Скопје забележаа раст на вкупните приходи од 8%, односно зголемување за 110,2 милиони денари. Растот се должи на зголемените приходи генерирани од домашниот пазар (за 12%) и од странските пазари (за 5%), соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Бруто добивката забележа раст од 23%, односно зголемување за 115,3 милиони денари. Зголемената бруто добивка и намалените оперативни расходи за 9% резултираа со оперативна добивка од 145,4 милиони денари, односно зголемување за 35% во споредба со 2015 година. Финансиските расходи се намалени за 8,9 милиони денари.

Нето добивката од редовното работење пред оданочување е повеќе од дуплирана во споредба со 2015 година односно е на износ од 83,9 милиони денари. За работењето во 2016 година не беа исплатени дивиденди“, соопшти компанијата.

Оттаму додваат дека во 2016 година се остварени вложувања во материјални средства од 37 милиони денари.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови