„Елколкет“ со голема еко-акција за собирање на отпадни батерии во 25 основни училишта низ Македонија

Од оваа пролет, заклучно со месец ноември, компанијата „Елколект“ започна голема еко акција за собирање на отпадни батерии во 25 основни училишта низ 11 општини во Македонија. Општините кои се опфатени со оваа еко акција се Битола, Куманово, Охрид, Гази Баба, Струмица, Босилово, Крива Паланка, Ранковце, Василево, Дебрца и Ново Село . 

Во соработка со училиштата, компанијата „Елколект“ подготви едукативно - информативен материјал и наменски еко кутии кои се веќе поставени на видливи места во училишните згради. Во еко кутиите учениците ќе ги оставаат отпадните батерии кои се создаваат во нивните домаќинства и на тој начин ќе спречат протекување на опасните супстанции како цинк, литиум, олово, кадмиум и жива што се содржат во батериите да ги загадат почвата, подземните или површинските води.

Компанијата „Елколект“ како лиценциран колективен постапувач со отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори, континуирано презема конкретни чекори за подигање на јавната свестпрвично кај децата за неопходноста од примарна селекција  на отпадните батерии и нивно немешање со останатите видови отпад. 

Целта на „Елколект“ при спроведување на оваа голема еко акција е да го поттикне создавањето на добри навики кај децата уште во раната возраст и да го намали количеството на отпадни батерии кои ќе завршат во животната средина. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.