Европа e најголемиот туристички пазар и покрај тероризмот

Зголемениот број терористички напади во Европа не ја намалува атрактивноста на континентот како туристичка дестинација.

Најновото истражување на Светскиот економски форум покажува дека, европските држави ги окупираат првите десет места на најгостопримливи земји за туристи, што е индикација дека континентот е добро позициониран да привлекува посетители од други континенти и да создава работни места во туристичкиот сектор.

Шпанија ја предводи листата, а по неа на второто и третото место се најдоа Франција и Германија. Велика Британија зазема петтата позиција, Италија е осма, а Швајцарија десетта.

Сепак културното богатство, одличната инфраструктура на туристичките услуги, најдобрите здравствени услови, отвореноста кон светот и целокупното чувство на сигурност ги надминува стравувањата од тероризам, покажува анализата на Светскиот економски форум.

Организацијата ја состави листата врз основа на различни фактори, вклучувајќи безбедност, здравје, човечки ресурси, конкурентни цени, инфраструктура и култура.

Европа останува најголемиот туристички пазар во светот, откакако успеала да привлече 620 милиони луѓе од вкупно 1,2-та милијарди меѓународни туристи во 2016 година. Второто место е за азиско-пацифичкиот регион.

Јапонија, е највисоко рангирана азиска земја, рангирана на четвртото место, додека Австралија зазема седмата позиција. Хонг Конг е на 11-то место, Сингапур на 13-тото место, а Кина оформува првите 15.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови