Зошто работењето прекувремено е осудено на пропаст?

448 Views Април 6, 2017 Office Камелија Делија

Иако работниот ден трае 8 часа, честопати остануваме на работа и подолго. Во многу ситуации по наша вина.

Многу истражувања покажале дека работењето после 18:00 часот е потполно неефикасно и непродуктивно.

„Ако сте неорганизирани невозможно е да завршите со работата навреме“, изјавува Лаура Стак, авторка на книгата „Doing the Right Thing Right“.

„Луѓето работат предолго затоа што се неорганизирани, неефикасни и непотребно губат време во текот на денот“.

Токму затоа ви нудиме неколку совети како навреме да ги завршите работните обврски:

Започнете го денот со идеја како да го завршите -  Вклучете се активности кои од вас бараат извршување во точно одредено време. Таквите ограничувања ќе придонесат да ги извршувате работите во текот на работното време.

Кажете им на луѓето кога морате да одите - Кажете му на шефот и на колегите кога планирате да си одите. Луѓето ценат кога вашите цели се јавно изговорени.

Секогаш најпрво завршете со најголемата и најважна работа - не губете време на мејлови и организирање состаноци ако имате друга поважна работа.

Започнете со состаноците малку порано - Ако го контролирате сопственото време мора да го почитувате и туѓото. Затоа не ги организирајте состаноците во последните 30 минути.

Сфатете дека работата и утре ќе биде на истото место - Обврските секако ќе ги завршите, но не мора да бидете роб на својата работа.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!