Сите детали: Кој ги раководи македонските банки?

Благодарение на постојаните информации кои банките ги објавуваат преку Македонската берза дознаваме кој раководи со нив, а некои од банките одат и чекор подалеку, па и детално објавуваат колкави се платите на менаџерскиот тим, колку земаат за осигурување и сл.

Интересно е дека во нивните надзорни одбори седат познати професори, академици, економски експерти, но и директори на други компании.

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА

Управниот одбор на Комерцијална банка се состои од три члена, со мандат шест години: Хари Костов, Главен извршен директор и претседател на Управниот одбор, Илија Илоски, Главен оперативен директор, и Маја Стевкова Штериева, Главен финансов директор.

Надзорниот одбор на Банката, кој ја контролира работата на Управниот одбор е во состав од 7 члена: Сава Димитрова, независен член и Претседател (таа е генерален директор на Европа АД Скопје и член на Управниот одбор на Европа), д-р Таки Фити (тој е професор на Универзитет „Свети Кирил и Методиј“- Економски факултет Скопје и Претседател на МАНУ), Заменик- претседател, Маргот Џејкобс, член, Звоне Талјат, член, (кој меѓудругото е и директор на Публикум Холдинг ДОО Љубљана), Горан Антевски, (кој е управител во Раде Кончар ТЕП), член, Сашо Наумоски, член (кој е генерален извршен директор на ПИ Витаминка АД Прилеп) и Александра Максимовска, независен член (која е професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ УКИМ во Скопје).

Минатата година на Управниот одбор и менаџерскиот тим на Комерцијална банка им беа исплатени вкупно: 119.914,9 илјади денари за бруто-плати; 9.991,2 илјади денари вкупен износ на други примања (регрес, новогодишен надоместок, поврат на менаџерско осигурување и отпремнина), 1.773,3 илјади денари за присуство на седници на членовите на Надзорниот одбор, 466,6 илјади денари на членовите на Одборот за ревизија и 26,7 илјади денари за еден надворешен член од Одборот за надзор на информатичката технологија, стои во Годишниот извештај на Банка за минатата година, објавен преку Македонската берза.

ТТК БАНКА

Управниот одбор на ТТК Банка, според податоци од официјалната страна на Банката го сочинуваат два члена, Драгољуб Арсовски, претседател и Наталија Алексова, член.

Во Надзорниот одбор се: м-р Глигорие Гоговски, Борислав Трповски, проф. д-р Тито Беличанец, проф. д-р Методија Несторовски, проф. д-р Арсен Јаневски и Доне Тaневски.

Минатата година, исплатени се вкупно 42.308 илјади денари во бруто износ по основ на плати и други примања (регрес за годишен одмор, јубилејни награди) на членовите на Управниот одбор и лицата со посебни права и одговорности кои извршуваат раководна функција во Банката, информираат од ТТК Банка во Годишниот извештај за работењето за минатата година, објавен на Македонската берза.

„773 илјади денари во бруто износ за деловна успешност за 2015 година на членовите на Управниот одбор, 2.391 илјади денари во бруто износ за деловна успешност за 2015 година на членовите на Надзорниот одбор, 2.080 илјади денари во бруто износ за месечен надоместок за присуство на седници на членовите на Надзорниот одбор и 483 илјади денари во бруто износ за членовите на Одборот за ревизија“, се вели во извештајот.

НЛБ БАНКА

Во Управниот одбор на НЛБ Банка според официјалната страна на Банката се Антонио Аргир, претседател на Управен одбор, Љубе Рајевски, член и Дамир Кудер, член.

Во Надзорниот одбор се Блаж Бродњак, претседател, Марјета Звер Цанкар, заменик претседател, Петер Зелен, член, Винценц Јамник, член, Абдулменаф Беџети, независен член, Борислав Атанасовски, независен член.

Обично и НЛБ Банка во својот годишен извештај дава податоци за примањата на менаџментот, но тој до сега не е објавен.

СТОПАНСКА БАНКА СКОПЈЕ

Во Управниот одбор на Стопанска банка Скопје според официјалната страна на Банката, се Диомидис Николетопулос, Генерален извршен директор и претседател на Управен Одбор, М-р Тони Стојановски, Генерален директор за управување со ризици, член, М-р Теодолус Скордис, Генерален директор за корпоративно банкарство, член, Милица Чапаровска - Јовановска, Генерален директор за банкарство на мало, член.

Во Надзорниот одбор се Маринис Стратопулос, Претседател на Надзорен одбор, Константинос Братос, член, Анастасиос Лизос, член, Јанис Кајулис, член, Владимир Филиповски, независен член и Сашо Ќосев, независен член.

Обично и Стопанска банка Скопје во својот годишен извештај дава податоци за примањата на менаџментот, но тој до сега не е објавен.



ОХРИДСКА БАНКА

Членови на Управниот одбор на Охридска банка според официјалната страна на Банката се Бранка Павловиќ, Претседател на Управен одбор, Никола Миткоски, член, Стефан Туати, член и Тома Пувро, член.

Членови на Надзорен одбор се  Жан-Филип Гијом, Сосиете Женерал Париз, Франција, член, Алан Кону, Сосиете Женерал Париз, Франција, член, Марија Русева, Сосиете Женерал Експресбанк, Бугарија, член, Цветанка Симоновска, независен член, Верица Хаџи Василева-Марковска, независен член.

СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА

Во правниот одбор на Стопанска банка Битола според официјалната страна на Банката се: Владимир Ефтимоски, Гордана Балтовска и Наташа Несторовска.

Во Надзорниот одбор на Банката се: Ненад Јосифовиќ, Панче Нефтенов, Дејан Панделески, Александра Радевска, Кирил Митровски, Иванчо Велјановски и Коста Костадиновски.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови