Се бараат работници во ЕУ-плати од 3.000 до 10.000 евра

Европските земји не само што имаат проблем да пронајдат доволен број на работници за најдефицитарните професии, туку и имаат проблем да го направат потребниот увоз на работна сила. 

Германија, Австрија, Унгарија, Чешка, Италија и Хрватска се само дел од земјите во кои професиите како инженери, електроничари, медицинари, угостители и земјоделци се повеќе од потребни во овој момент.

Платите за овие работни позиции се движат од 3.000 до 10.000 евра месечно.

Агенциите за вработување на овие земји на почетокот од 2017-та година излегоа со податок дека ќе им бидат потребни неколку стотици илјади странски постојани и сезонски работници. 

Она што е интересно е дека помеѓу најплатените професии се јавува професијата мехатроничар за која се зема плата од 9.800 евра. 

Потоа следуваат медицинските работници со плата од по 5.000 евра, а за останатите професии таа изнесува од 2 до 4 илјади евра, во зависност од животниот стандард и нивото на платите во земјата.

Платите на овие професии се за 4-5 пати поголеми отколку во Македонија.

Во најблиското соседство – Хрватска, платата на келнерите се движи од 700 до 1100 евра, во Италија сезонците заработуваат повеќе од 2.000 евра месечно, а само чистачите во Австрија заработуваат по 1.200 евра. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!

Најчитани вести