Совети: Како да заштедите и до 50 евра месечно за гориво

Трошоците за гориво зафаќаат голем дел од вкупната месечна потрошувачка на секое домаќинство.

Месечно се трошат од 100 до 200 евра за гориво, и тоа ако имате само едно возило. Следејќи ги овие совети може да ги намалите трошоците за половина.

1. Одржувајте го автомобилот во исправна состојба 

Валканите воздушни филтри може да ја зголемат потрошувачката за бензин за 4%. Морате да правите редовните прегледи со кои ќе го одржувате во постојана форма вашето возило. Правејќи го тоа, ќе успеете да заштедите по некој денар.

2. Забрзувајте непречено

Оптималната брзина за возење изнесува 90 километри на час. Се разбира дека во градските услови тоа е невозможно. Можно е сепак да забрзувате непречено и да не го притискате педалот за гас со повеќе од една третина од неговиот потег. Новите автомобили ви овозможуваат да менувате на пониски вртежи, а тоа ви штеди гориво.

3. Редовно проверувајте ги гумите
 
Меките гуми водат кон дополнителна потрошувачка за гориво. Малку повеќе притисок од дозволеното ќе ви овозможи да заштедите гориво. Обрнете внимание на фактот дека тој не треба да биде над 0.5 бари.

4. Расчистувајте го багажникот  

Можеби ви е добро да имате полн багажник, но тоа дефинитивно ќе ве чини повеќе бидејќи така се зголемува потрошувачката на гориво. Експертите велат дека 100 кг во багажник ја зголемува потрошувачката за 0.3 литри на 100 км. 

6. Исклучете ја климата кога не ви е потребна 
 
Кога во возилото не е топло или ладно, исклучете ја климатизацијата. Идејата таа да работи постојано и да одржува постојана температура е одлична, но скапа. 

7. Избегнувајте сообраќаен метеж 

Патувањето во метеж не ве чини само време, туку и пари. Пробајте да најдете оптимално време за излегување од дома и работа. Избегнувајте гужви и сигурно ќе заштедите.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови