Од денеска засилена контрола на границите на Шенген зоната

На надворешните граници на Шенген зоната од денеска започнуваат систематски проверки за сите патници, поради усвоените амандмани на Законот за шенгенските граници, според кои, земјите членки на Шенген се обврзани на построга контрола.

Во досегашната пракса доволно беше граничарите само да ја извршат основната контрола, односно рутинска проверка на патните документи на граѓаните на ЕУ.

Отсега, тие документи ќе се проверуваат и во Шенгенскиот систем за информација (СИС), базата на Интерпол за украдени и изгубени патни документи, како и во државните бази.

Овие систематски проверки се воведени со цел - спречување какви било закани за безбедноста и јавниот ред во државите членки на ЕУ. 

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови