Како да започнете сопствен бизнис иако немате пари

Голем број од нас имаат одлични бизнис идеи меѓутоа реализацијата на таа идеја е многу тешка поради тоа што не секогаш ги имаме потребните пари. Тоа не значи дека треба да се откажеме од нашиот сон!

Еве неколку совети што треба да правите за да започнете сопствен бизнис и покрај тоа што немате пари:

Побарајте бесплатен совет

Побарајте совет од вашите пријатели. Доколку се бизнисмени, уште подобро! Искористете ги насоките кои тие ќе ви ги дадат. Тие најдобро знаат што можете, а што не можете да направите. Дополнително, препорачливо е да истражувате на интернет за дејноста во која сакате да го отпочнете својот бизнис. Има веб страници со врвни спеицјалисти кои можат да ви одговорат на многу прашања. 

Пронајдете бизнис ангел

Се работи за инвеститор кој ќе биде спремен да го финансира вашиот проект. Постојат голем број на бизнисмени и претприемачи кои се спремни да ви дадат пари за да ја отпочнете реализацијата на вашата идеја. 

Започнете со опрема од втора рака

Многу често, главен трошок за отпочнување на бизнисот претставува набавката на нова опрема. Ретко кој се одлучува да набави постара, веќе искористена опрема, иако тоа може да заштеди огромна сума на парични средства. Ова решение не мора да биде засекогаш, туку само привремено додека не застанете на свои нозе. 

Финансирајте една активност преку друга

Не можете целосно да се посветите на вашата бизнис идеја? Без грижа. Останете на досегашната работа и најдете си друга барем привремено. Почнете да штедите, па штом еднаш ќе тргне со бизнисот, слободно дадете отказ и посветете му се целосно.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!