Отстранета и последната пречка: Од 15 јуни крај на роамингот во ЕУ

Пратениците на Европскиот парламент ја отстранија и последната препрека на патот до целосно укинување на малопродажните дополнителни надоместоци за роаминг.

Нивното укинување на 15 јуни 2017 ќе им овозможи на потрошувачите телефонирање, праќање пораки и користење на дата сообраќај по еднакви цени како дома додека патуваат низ Европа.

ЕП го усвои и неформалниот договор за горните граници на цените за роаминг меѓу земјите членки , што го отвара патот до целосно укинување на роаминг за крајните потрошувачи.

Тие ограничувања одредуваат колку телеком операторите можат меѓусебно да наплаќаат за користење на своите мрежи за пружање услуги во роаминг. Со тоа се опфатени говорни повици, СМС пораки и користење на податоци. Малопродажните цени индиректно се одразуваат на конечната цена за крајните потрошувачи.

Со укинувањето на последните препреки за воведување на единствени и пониски надоместоци за роамимнг, целта е до крајот на јуни 2022 година малопродажната цена на повици во роаминг да изнесува 0,032 евра по минута, а СМС пораки од 0,01 евро.

Малопродажната цена на пренос на податоци во текот на годините постепено ќе паѓа почнувајќи од јуни 2017 година, со договорени 7,7 евра за гигабајт, на 2,5 евра по гигабајт до 2022 година.

Договорот уште мора формално да го усвои Советот на ЕУ.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!

Најчитани вести