Колку дена порано треба да резервирате за да купите авиoбилет по багателна цена?

Доколку сте еден од тие што редовно патуваат со авион, мора да го прочитате ова. Ќе заштедите пари од секој лет. 

Според анализите на една американска авиокомпанија направени над нешто повеќе од милион летови во 2015-та година, за да добиете поевтин лет клучно е да го изберете времето кога го купувате билетот.

Благодарение на нивните резултати, голем број од луѓето што редовно летаат можат да си обезбедат авионски карти по речиси багателна цена. Немојте да мислите дека ќе ви кажеме да ги резервирате картите што е можно порано, бидејќи тоа не е решението. 

Еве ја листата за времето кога треба да резервирате летови:
 
1.    За европски дестинации – резервирајте 120 дена пред летот;
 
2.    За САД е најрационално да се резервира 54 дена пред летот;
 
3.    За Канада е најевтино доколку резервирате 2 ипол месеци однапред;
 
4.    За Австралија треба да се почека речиси една година односно 320 дена;
 
5.    Мексико – 75 дена;
 
6.    Централна и Јужна Америка – 70 дена;
 
7.    Карибите – 320 дена;
 
8.    Африка – 215 дена;
 
9.    Азија – 160 дена;
 
10.Среден Исток – 215 дена.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести