Пет совети како успешно да најдете нова работа

1013 Views Април 9, 2017 Office Камелија Делија

Активно барате работа или веќе имате, ама не сте задоволни од работата? Студенти сте и време е да почнете да работите?

Ако се пронаоѓате во оваа ситуација, тогаш овие совети ќе ви користат. 

Вашето CV не е дневник од детството. CV е вашата лична карта за влез во некоја компанија. 

Немојте во вашата биографија да претерувате со нарцисоидни зборови. 

Ако не сте на LinkedIn, како да не постоите. Докажано е дека 90% од менаџерите за човечки ресурси на ваков начин регрутираат работници. Важно е да сте вклучени на оваа социјална мрежа, но и да бидете активни. Оваа социјална мрежа ќе ви биде од корист и таа е извор на податоци за вработување. 

Интернетот е место каде може да се најде работа, но не е единствено. Има многу сајтови каде можете да барате работа, но не запирајте тука и прашувајте преку вашите пријатели, познаници. Читајте огласи и во весници. 

Неформалното образование често знае да извојува победа. Денес дипломата не е доволна и мора да имате што повеќе вештини за да се издвоите од другите. Учете јазици, но без англиски јазик денес ништо не можете. 

Со упорност до работа од соништата. Долгото барање на работа ќе ве измори, но не е крај на светот. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!